Палермо повторно го врати тренерот Џузепе Јакини!

Loading

Џузепе Јакини пред 3 месеци доби отказ од калчолигашот Палермо, а денеска повторно е именуван за прв тренер на клубот од Сицилија.

Hellas Verona-Palermo serie A

Тој треба да го наследи Џовани Боси, кој беше тренер на Палермо на само еден натпревар, а доби отказ, по поразот од Торино на домашен терен со 1:3.

Јакини доби отказ од Ѕампарини, на 10 ноември 2015 година, а за негов наследник беше назначен Давиде Балардини, но на функцијата се задржа само 2 месеца, откако и тој доби отказ на 11 јануари.

Палермо го ангажираше Аргентинецот Гиљермо Барос Скелото, но тој поради неисправни документи, не доби лиценца да го води клубот, па клубот еден месец беше предводен најпрвин од Џовани Тедеско, а потоа и од Џовани Боси.

Па така Ѕампарини немаше друго решение отколку да го врати на клупата Јакини, откако претходно им се извини на навивачите поради ’едномесечниот хаос’ во кој се наоѓал клубот.

Палермо по 25 кола во Серија А, каде игра и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, се наоѓа на 15-то место и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во лигата.