Македонија и во вториот контролен натпревар ја победи Црна Гора овојпат со 29-26, а селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, го објави конечниот список на играчи вкупно 17 кои ќе настапат на ЕП во Полска.
Од поширокиот список отпаднаа голманот Никола Митревски, потоа Филип Талески, Милорад Куковски и Никола Костески.
Ракометарите во Полска заминуваа утре со чартер лет. Во првата фаза тие ќе играат во Краков против Полска, Франција и Србија, а на отворањето Македонија ќе игра против Франција.
Списокот на ракометари за ЕП го сочинуваат: Борко Ристовски, Даниел Дупјачанец, Гоце Георгиевски, Влатко Митков, Кирил Лазаров, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Филип Лазаров, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Велко Маркоски и Ацо Јоновски.