Нови проблеми за Зидан… Бензема во аут 20 дена!

Loading

Нови проблеми за Реал Мадрид и тренерот Зинедин Зидан, откако поради повреда на задната ложа, напаѓачот на Реал, Карим Бензема ќе паузира околу 20 дена.

karim

Французинот не играше со Малага поради повреда на колкот, но се врати во тимот за дерби пресметката со Атлетико Мадрид кој кралевите го загубија со 1-0, но го загубија и на подолго Бензема.

Тој играше само 45 минути против градскиот ривал и беше заменет на паузата помеѓу двете полувремиња.

Реал Мадрид потврди Карим заработил повреда на задната ложа па така тој ќе ги пропушти дуелте со Леванте, Селта и Лас Палмас во Примера, како и реваншот со Рома во Лигата на Шампионите.