Нов кикс на Интер во Бергамо, 1-1 со Аталанта!

Loading

Фудбалерите на Интер доживееја нов шок во италијанската серија а, откако во Бергамо не ги освоија планираните три бода.

ata-int

Тимот на Аталанта со Интер одигра 1-1 на домашен терен, а куриозитет на овој натпревар е тоа што се постигнаа два автогола.

Прво Мурилјо си ја затресе мрежата на Интер, а потоа возврати и Толои на идентичен начин.

Ова е втор меч по ред каде што Интер губи значајни бодови во борба за титулата во Калчото, а минатото коло во 95 минута беа поразени од Сасуоло.

Мечот исто така го одбележа спектакуларната одбрана на голманот на „нероаѕурите“, Самир Хандановиќ кој спречи нов пораз на Интер.