Видео: Дожд од голови, Ливерпул со пресврт славеше кај Норвич!

Loading

Норвич и Ливерпул одиграа неверојатен меч на „Кероу Роуд“, кој го зачинија со девет голови, а Ливерпул успеа да слави со пресврт и неверојатни 4:5.

nor-liv

Норвич во 53 минута имаше предност и од 3:1, но на крајот четата на Клоп успеа да се врати во мечот, со што ја прекина серијата од три средби без победа.

Ливерпул прв поведе во 18.минута, преку Фирмино за 1-0, но до крајот на полувремето, Норвич направи целосен пресврт, најпрвин Мбокани во 29.минута постигна прекрасен гол со петица, а потоа Најсмит погоди во 41.минута за 2-1, резултат кој беше конечен по првото полувреме.

Второто полувреме започна лошо за Ливерпул, Хулахан од пенал го зголеми водството на Норвич на 3-1, а само две минути подоцна, во 55-та, Хендерсон намали на 2:3, а Фирмино со својот втор гол на натпреварот израмни на 3:3 во 63 минута.

Мартин, во 75.минута направи катастрофална грешка и му овозможи на Милнер да постигне лесен гол за ново водство на Ливерпул од 4-3, а вистински делириум на стадионот предизвика голот на дефанзивецот Басонг во 92.минута, со кој израмни на 4:4.

nor-liv1

Кога сите помислија дека натпреварот ќе заврши нерешено, во 95 минута Лалана ја искористи конфузијата во домашната одбрана и го постави конечниот резултат 4:5.

Со оваа победа Ливерпул стигна на 7-та позиција на табелата во Премиер лигата со 34 бода, 13 помалку од лидерот Лестер, тим со кој игра во следното 24 коло.

Да видиме како беше Керол Роуд арената и 9-те постигнати гола…