Ништо од Џексон Мартинез во Атлетико М, среќата ќе си ја проба во Англиската премиер лига

Колумбиецот Џексон Мартинез беше еден од најбараните голгетери во летниот преоден рок.

martinez

Тој одлучи кариерата да ја продолжи во шпанската примера лига во редовите на Атлетико Мадрид каде се очекуваше уште повеќе да блесне и да биде еден од главните адути на Диего Симеоне оваа сезона.

Но, Порто не е Атлетико Мадрид, а Мартинез на 12 натпревари во сите натпреварувања постигна само 3 гола, а пред крајот на полусезоната и се повреди.

Агентот на Џексон изјави дека не е исклучена можноста тој да замине на позајмица во вториот дел од сезоната и тоа во Англиската премиерлига.

Челзи и Тотенхем се заинтересирани за него да го позајмат до јуни 2016 година. Мартинез го чинеше Атлетико 29 милиони фунти и засега воопшто не импресионираше за да ги оправда вложените средства.

Дали ќе се случи позајмицата останува да видиме.