Нион: Вакво 1/8 финале во Лига Европа долго не се случило!

Loading

Во Лигата на европа се комплетираше шеснаесетфиналето каде познати се сите патници во осминафиналето.

finale LE 2016

Меѓу шеснаесетте тима кои ќе продолжат понатаму ќе ги нема Наполи, кој беше елиминиран од Виљареал, Порто, кој и по втор пат беше поразен од Борусија Дортмунд, како и Фиорентина, која на гостувањето во Лондон кај Тотенхем загуби убедливо.

Затоа пак пласман во осминафиналето обезбедија: Брага, Фенербахче, Ливерпул, Лацио, Баер Леверкузен, Спарта Прага, Атлетик Билбао, Шахтјор Донецк, Валенсија, Базел, Виљареал, Олимпијакос, Севиља, Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд и Тотенхем.

Ждрепката се одржа денеска во Нион донесе неколку атрактивни мечеви, а сепак најголемо е дербито на англискиот фудбал, помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Покрај англиската пресметка, атркативни за следење ќе бидат и дуелите Атлетик Билбао-Валенсија и Борусија Дортмунд-Тотенхем.

Останатите парови се Шахтјор-Андерлехт, Базел-Севилја, Виљареал-Баер Леверкузен, Спарта Прага-Лацио и Фенербахче-Брага.

Првите натпревари од осминафиналето ќе се одиграат на 10. март, а реваншите на 17. март.

Финалето во Лига Европа ќе се одигра на 18. мај, на стадионот „Сент Јакоб Парк“ во Базел.