Кои рекорди ги сруши Стеф Кари од Голден Стејт?

Loading

Голден Стејт го победи нагости Орландо со 130-114, а Стеф Кари го собори рекордот на Кајл Корвер, откако и на 128 меча по ред постигна најмалку една тројка.

stef curry

Кари против Орландо погоди 20 од 27-те шутеви од поле односно 10/15 тројки, а натпреварот го заврши со 51 поен.

Но Кари стана и првиот играч по Двејн Вејд и Леброн Џејмс од сезоната 2008/2009 кој во една сезона најмалку на три натпревара постигнал 50 и повеќе поени.