Видео: Во стилот на кошаркарите и фудбалерите, се степаа и хокејарите на Партизан и Ц.Звезда!

Loading

Големото дерби во српското хокејарско првенство помеѓу Црвена Звезда и Партизан во Пионир го одбележа масовната тепачка на хокеарите на двата тима.

hokej tepacka

До инцидентот дојде на почетокот на последната третина при водство на Црвена Звезда од 2:0, а хокејарите не бираа средства, па освен своите раце, ги користеа и заштитните кациги и што и уште не.

Поради инцидентот беше прекинат натпреварот по што беа исклучени четворица хокејари, а натпреварот на крајот заврши со победа на црвено-белите од 3:2.

Погледнете ја масовната тепачка во Пионир…