Напред Македонија: Против Норвешка за прва победа и олимписки сон!

Loading

Македонската ракометна репрезентација денеска го игра петиот меч на европското првенство во Полска, а противник е Норвешка.

manaskov

Норвежаните се во одлична форма, а истото го покажаа со победи над Хрватска и Полска, додека нашите ракометари доживеаа три порази и остварија едно реми.

Статистика е против нас, но сепак ракометарите најавуваат голема борба и победа за зголемување на шансите за пласман во квалификациите за наредните олимписки игри.

Ќе биде навистина тешко, но ракометаарите ќе треба денеска да покажат од што се направени и да го дадат својот максимум, што би требало да биде доволно за победа над Норвешка.

Натпреварот е закажан за 18.15 часот.