НБА: Леброн го доби последниот дуел со Коби, Спарси со нов клубски рекорд!

Loading

Само 4 натпревари се одиграа во НБА лигата.

lebron-kobe

Тимот на Сан Антонио ја запиша и 55-та победа во сезоната и го забележа најдобриот скор на франшизата по 65 одиграни натпревари.

Сан Антонио го победи Чикаго со 109:101, што за Спарси беше 40-та победа по ред на домашен терен. Двоецот Ленард и Олдрич постигнаа по 29 односно 26 поени го предводеа Сан Антонио до победата.

По подолго време добар меч одигра и ветеранот Тони Паркер кој имаше 20 поени и 12 асистенции. Кај биковите Гасол и Дерик Роуз постигнаа по 21, а Мур 20 поени.

Коби Брајнт го одигра последниот дуел против Леброн Џејмс, а неговите Лејкерси загубија од Кливленд со 108:120 во Лос Анџелес.

Коби беше најефикасен на мечот со 26 поени, два повеќе од Расел. Ирвинг кај Кливленд беше најефикасен со 26 поени, Леброн постигна 24, а Фрај 21 поен.

Торонто стигна до 43-та сезонска победа против Атланта со 104-96. Дерозан постигна 30 поени кај Торонто. Денвер убедливо славеше над Феникс 116:98, а го предводеа Мудиај со 30 поени односно Никола Јокиќ со 18 поени и 10 скокови.

Кај Феникс кој го забележа 48-от пораз во првенството најефикасен беше Девин Букер со 35 поени.

За вечерва предвидена е богата програма во НБА лигата со 11 натпревари.