Престижната награда Лауреус, за најдобар светски спортист и спортистка, за 2015 година ќе се одржи на 18-ти април во Берлин.
Веќе се објавени и номинациите, а во конкуренција за спортист на годината се Новак Џоковиќ, кој беше лауреат минатата година и освои три Грен-слем титули, Стеф Кари, ѕвездата на шампионот во НБА лигата, Голден стејт, најдобриот светски фудбалер Лионел Меси, Ф1 шампионот Луис Хамилтон, најбрзиот човек во светот Усеин Болт и најдобриот светски голфер Џордан Спит.
За наградата Лауреус, во конкуренција на спортски номинации добија: Серена Вилијамс, Карли Лојд, Ана Фенингер, Шели Ен Фрејсер-Прајс и Ганзебе Дибаба.
Меѓу номинираните за најдобар тим се: Барселона, Голден Стејт Вориорс, Мерцедес, тениската репрезентација на Велика Британија, рагби репрезентацијата на Нов Зеланд и женската фудбалска репрезентација на САД.
Лауреус ќе го избира и повратникот на годината, а во конкуренција се Ден Картер, Џесика Елис-Хил, Мик Фанинг, Мајкл Фелпс, Дејвид Рудиша и Линдзи Вон.
Лауреус ќе додели и награда „пробив на годината“, а номинирани се: фудбалската репрезентација на Чиле, голферот Џејсон Деј, боксерот Тајсон Фјури, пливачот Адам Пити, голферот Џордан Спит и Формула 1 возачот Макс Ферстапен.