Македонската фудбалска репрезентација својот квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Русија 2018 годиан ќе ги започне на 5.септември во Скадар, против Албанија.
Стадионот во Скадар, на кој ќе се одигра мечот се наоѓа во фаза на реновирање, а има капацитет од 20.000 места.
По мечот со Албанија, македонските фудбалери до крајот на годината ќе одиграат уште три натпревари во Г групата, на 6 и 9 октомври во Скопје ќе гостуваат Израел и Италија, а на 12.ноември Македонија ќе гостува во Шпанија.
Во Г групата противници на Македонија, која на последната ФИФА листа се наоѓа на 138-то место, ќе бидат Шпанија, Италија, Албанија, Израел и Лихтенштајн.