Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со нов пехар во витрините се враќаат од завршниот турнир од кошаркарскиот куп на Македонија.
Тие во скопското финале го победија Карпош Соколи со 68-62 и по 8-ми пат го подигнаа победничкиот пехар во ова натпреварување.
Финалето беше супер интересно и неизвесно каде и двете екипи покажаа зошто се најдобри во првенството и се на врвот на табелата.
Победникот се решаваше во последните минути од мечот, кога искусните кошаркари на МЗТ Скопје одговорија на предизвикот ги искористија грешките на противникот и заслужено на крајот стигнаа до драгоцениот пехар.
Кога беше најпотребно проработе и повредениот капитен на металците Дамјан Стојановски кој со сигурно положување и успешна реализација на слободните фрлања обезбеди победа вредна пехар во 24 издание од Купот на Македнонија.
Во големото финале најефикасни на двете страни беа Дреновац кај победникот МЗТ Скопје со 16 и центарот на Карпош Соколи Кнежевиќ со 14 поени.
Искусниот центар на Соколи Душан Кнежевиќ го доби признанието за најефикасен кошаркар на завршницата од Купот, а за најкорисен кошаркар МВП на Купот на Македонија во Гевгелија беше прогласен кошаркарот на МЗТ Скопје Марко Луковиќ.