Во Германската Бундеслига започна вториот дел од сезоната 2015/16.
Се одигра и првиот натпревар во Хамбург каде истоимениот тим беше поразен од шампионот Баерн Минхен со 2-1 на „Волкспарк стадионот“
Полскиот интернационалец Роберт Левандовски јунак на мечот, беше двоен стрелец за баварскиот тим на овој меч.
Првиот погодок го постигна од пенал во 37.минута, на стартот од вториот дел Чаби Алонсо си постигна автогол, но во 61.минута Левандовски стрелаше во мрежата на Хамбургер за 1-2, подметнувајќи нога по ударот на Милер.
Тоа на крајот се покажа и како конечен епилог на овој дуел, а со оваа победа Баерн Минхен ја зголеми предноста во однос на второпласираната Борусија Дортмунд на убедливи 11 бода разлика.
Во останатите дуели се среќаваат:
Хановер-Дармштад
Херта-Аугсбург
Хофенхајм-Баер Леверкузен
Инголштад-Мајнц
Келн-Штутгарт
Мехенгладбах-Дортмунд
Ајнтрахт-Волфсбург
Шалке-Вердер.
Инсерти од мечот Хамбург-Баерн Минхен…