ЛШ: Жрепката немилосрдна, две мега пресметки уште во 1/4 финалето!

Loading

На денешната ждрепка во Нион беа извлечени паровите за четвртфиналето од Лигата на шампионите.

nion3

Бранителот на тронот, каталонскиот гигант Барселона за противник во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони го доби големиот ривал од Примера тимот на Атлетико (М).

Старо-новиот шампион на Франција, тимот на ПСЖ за противник го доби англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.

nion2

Германскиот бундеслигаш Волфсбург ќе игра против шпанскиот гигант Реал (М), а тимот на Баерн (М) за противник го доби шампионот на Португалија, екипата на Бенфика.

Првите натпревари ќе бидат одиграни на 5 и 6 април, а реванш дуелите се закажани за 12 и 13 април.

nion1