Куманово има нов тренер во името на Марјан Србиновски!

Loading

Кошаркарскиот клуб Куманово назначи нов тренер, откако досегашниот Страшо Тодоровиќ доби отказ од раководството на клубот поради елиминацијата во 1/2 финалето од купот на Македонија.

srbinovski

Станува збор за доскорешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Србиновски.

Страшо Тодоровиќ тренерската функција во Куманово ја презема пред неколку месеци кога дојде на местото од Љубислав Луковиќ, но и тој предвреме го завршува ангажманот во македонскиот вицепрвак.

Клубот од Куманово очекува со Србиновски на тренерското место, најмалку да биде повторен ланскиот резултат, односно пласман во финалето и борба за шампионската титула.

Марјан Србиновски во кариерата досега беше предводник на Работнички, Торус и Кожув, а беше и на селекторското место на Македонија за време на Европското првенство во Загреб минатата година.