Во Англиската премиер лига се одиграа натпреварите од 28 коло каде се случија многу изненадувања.
За одбележување се поразите на фаворитите тимовите кои се борат за шампионската титула во Премиер лигата Тотенхем и Арсенал.
Тотенхем во лондонското дерби загуби од Вест Хем минимално со 1-0, додека Арсенал на домашен терен иако водеше со 1-0 на крајот загуби од Свонси со 1-2.
Единствениот гол на мечот го постигна Антонио уште во седмата минута од натпреварот. Од друга страна Арсенал, како домаќин, имаше предност на Свонси со голот на Кембел, но најпрвин Ратлиџ израмни во 32.минута, а целосен пресврт гостите направија на 16 минути до крајот на мечот, кога Чех беше совладан од Вилијамс.
Во дербито на колото Ливерпул го декласираше Манчестер Сити со 3-0 и му се одмазди за неделниот пораз во финалето на Лига купот.
Лалана го постигна првиот гол во 34.минута, а 7 минути подоцна предноста на „црвените“ ја удвои Милнер. Конечниот резултат го постави Фирмино во 57.минута.
Еден гол му беше доволен и на Манчестер Јунајтед за да слави над Вотфорд. Отпорот на гостите го скрши Мата во 84.минута.
На табелата Лестер остана лидер со 57 бодови, 3 повеќе од Тотенхем и 6 од Арсенал. Сити е на четвртото место, има натпревар помалку и заостанува 10 бодови зад лидерот.