Извесно време без Роџер Федерер на АТП турнирите!

Loading

Човекот со рекордните 17 гренслем титули, Роџер Федерер, ќе паузира од тениските терени поради операција.

Roger Federer musste am Knie operiert werden. Foto: Tracey Nearmy

Тој го оперираше коленото за да ја санира повредата на менискусот со која се здобил по полуфиналниот меч со Новак Џоковиќ на Австралија Опен.

„Го повредив коленото ден по полуфиналето на Австралија Опен, а кога се вратив дома направив некои тестови и заклучив дека менискусот е скинат“, напиша Федерер на Facebook.

Па така тој ќе ги пропушти АТП турнирите во Ротердам и Дубаи каде во 2015 ја освои титулата.

„Се извинувам на пријателите во Ротердам и Дубаи, бидејќи многу се радував што ќе настапам на тие турнири. Иако ова е несреќен чекор наназад, охрабрен сум од тоа дека операцијата мина успешно и веднаш започнувам со рехабилитација за што побрзо да се вратам на терените“.

Федерер се наоѓа на третото место на АТП листата.