Во Лондон треба да се одржи последната рунда од преговорите меѓу раководството на Челзи и италијанскиот селектор Антонио Конте кој е главен фаворит за тренерската позиција.
Иако пред само неколку дена таа позиција ја имаше Диего Симеоне, тренерот на Атлетико, а претходно и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, сепак Челзи најверојатно ќе го ангажира Антонио Конте кој има договор со италијанската репрезентација до крајот на ЕУРО 2016.
Конте веќе подолго време наговестува дека сака да му се врати на клупскиот фудбал, а Челзи ќе му плаќа плата од 6,3 милиони фунти или 8,1 милион евра годишно.
Сите медиуми веќе го прогласија за нов предводник на сините, а веќе се појави и шпекулации за првите трансфер-желби на Конте.
Тоа се Артуро Видал од Баерн и Раџа Наинголан од Рома.