Хрватска немаше сили, Шпанија избори финале со Германија!

Loading

Во вториот полуфинален натпревар помеѓу Шпанија и Хрватска на ЕП 2016 во Полска немаше таква драма како на првиот меч.

spa-cro

Возбудувањата се случија само во првиот дел кога Хрватска започна фуриозно и поведе со 4 гола разлика, но Шпанија во последните 10 минути направи целосен пресврт и на полувреме отиде со 4 гола позитива 18-14.

Во второто полувреме, шпанците ја одржуваа разликата, најчесто од три гола, Хрватите се доближија во 48.минута на гола негатива, но немаа сили за целосен пресврт, а надежите дека можат да стигнат до финалето им ги уништи Томас, кој за 30 секунди два пати реализираше од контранапад и ја врати разликата на четити гола за конечни 33-29.

Антонио Гарсија и Ривера постигнаа по 6 гола, а Томас и Агинагалде по 5 за шпанската репрезентација, додека кај Хрватска најефикасен беше Слишковиќ со 6 гола, а по 4 постигнаа Копљар, Штрлек и Мариќ.

Шпанците четврти пат ќе играат финале на едно ЕП, а в недела во Краков, ќе се обидат да го освојат своето прво злато на континеталните шампионати.

spa-cro1

Финалниот меч Шпанија-Германија ќе се одигра в недела од 17:30 часот, а претходно од 15 часот Норвешка и Хрватска ќе се борат за бронзениот медал.

Шпанија и Германија веќе се сретнаа на отворањето на првенството, во првото коло во Б групата, каде до победата стигна Шпанија со 32:29.

Како ќе биде во финалето останува да видиме и почекаме до недела.