Хрватска не спушти на земја, Македонија поразена со +10

Loading

Македонската ракометна репрезентација доживеа висок пораз од Хрватска со 34:24, во првиот натпревар од втората фаза.

kuzmanovski-hrvatska

Македонија започна многу лошо и тешко наоѓаше решение за одбраната на Хрватска, која на моменти беше 5-1, а некогаш и 3-2-1.

Веќе по само десет минути игра противникот поведе со 7:1.

Хрватска беше ефикасна во нападот, па во 25. минута го имаше и највисокото водство во првот дел од 15:8, но до крајот на првиот дел Македонија беше подобра со 5-2 и по 30 минути игра беше 17:13 за Хрватска.

На почетокот на вториот дел младиот Филип Кузмановски намали на 17:14, но потоа Хрватска пак ја презеде контролата над резултатот и во 39. минута првпат поведе со + 8.

На половина од вториот дел Хрватска за првпат поведе со двоцифрена разлика (28:18) и со тоа практично ја потврди победата.

Најефикасен кај Македонија беше Дејан Манасков со 7 голови, додека кај Хрватска најмногу голови постигна Иван Слишковиќ 6.

Следниот натпревар Македонија го игра за 4 дена на 25 јануари во понеделник против Норвешка, во натпревар во кој ќе ја бараме првата победа на шампионатот.