Баерн Минхен потврди дека Пеп Гвардиола си оди по крајот на оваа сезона и на негово место доаѓа торфејниот италијански стратег Карло Анчелоти.
,,Благодарни сме за сѐ што Гвардиола му даде на нашиот клуб и се надеваме дека ќе славиме уште успеси и следната сезона, а во Анчелоти ќе имаме уште еден многу успешен тренер кој ќе дојде во Баерн изјавил извршниот директор на клубот, Карл-Хајнц Румениге.
По овие потврдни информации сега на Пеп Гвардиола му се отворени вратите во Англија и Премиер лигата. Се шпекулираше дека е заинтересиран да седне не клубата на Челзи, Манчестер јунајтед или Манчестер сити.
Гвардиола дојде во Баерн летото 2013-то и со него освои две германски првенства и еден Куп. Карло Анчелоти, од друга страна, доаѓа свеж и одморен бидејќи немаше ангажмани по отказот од Реал Мадрид во месец мај откако не успеа да освои ниту еден трофеј минатата сезона со кралевите.