Пеп Гвардиола и официјално ќе биде новиот тренер на Манчестер Сити.
Шпанскиот стратег, сега е на чело на Баерн Минхен, но потпишал 3-годишен договор кој влегува во сила од 30-ти јуни ова лето.
На крајот на сезоната Мануел Пелегрини ќе биде ослободен од функцијата во Сити кој пристигна на “Етихад” во 2013-та година, заменувајќи го Роберто Манчини, а сезона подоцна го изведе тимот до титулата во Премиер Лигата и Лига купот.
Од раководството на тимот, рекоа дека преговорите меѓу клубот и Гвардиола беа финализирани во последните недели, но разговори имало уште во 2012-та година.
Од 99 натпревари на чело на “граѓаните”, Пелегрини победил на 64, само Жозе Мурињо има подобар скор од Пелегрини на првите 99 дуели каде во 73 наврати излегол како победник.