Готово е, Конте три години на клупата на Челзи!

Loading

Челзи од наредната сезона, на менаџерската позиција, ќе има нов човек.

Italy v Norway - UEFA EURO 2016 Qualifier

Сините ќе ги предводи италијанскиот стратег Антонио Конте кој е актуелен селектор на Италија.

Тој функцијата како нов менаџер на Челзи ќе ја започне веднаш по завршувањето на Европското првенство во Франција. Конте потпишал тригодишен договор „тежок“ 16 милиони фунти.

Конте е петтиот Италијанец на клупата на Челзи, по Џанлука Вијали, Клаудио Раниери, Карло Анчелоти и Роберто ди Матео, кој на „сините“ им ја донесе титулата во ЛШ во 2012 година.

„Возбуден сум што ќе работам во Челзи, мислам дека тоа е добра и атрактивна функција. Се радувам на предизвиците кои ги носи Премиерлигата.

,,Мојата амбиција е да продолжам со успесите. Добро е што ја официјализиравме соработката, така што повеќе нема да има никави шпекулации, а јас ќе можам да се фокусирам на работата во репрезентацијата“, изјавил Конте, кој на клупата ќе го наследи Гус Хидинк.

Конте со тренерската работа започна во Арецо, потоа бил тренер на Бари, Аталанта и Сиена, а во периодот од 2011 до 2014 година освои три титули во Серија А со старата дама.