Македонската репрезентација не успеа да стигне до првата победа и првите бодови на ЕП 2016 во ракомет во Полска.
Ракометарите изгубија и на вториот меч од ова првенство, од домаќинот Полска со 23:24, иако во првото полувреме Македонија покажа одлична игра и го доби првиот дел со два гола разлика 13:11, но во вториот дел падот во играта ги чинеше пораз.
Полска израмни уште во 36 минута и во 40 минута, за по 7 минути игра да поведе и со два гола разлика.
Полскиот голман Шмал беше расположен за бранење, а македонските ракометари немаа среќа, Кире Лазаров промаши два пенала што беше и клучот за нашиот пораз.
Во последните минути, нашите ракометари губеа со четири разлика но успеавме да се вратиме во игра, а во последните 30 секунди Македонија ја имаше топката со напад за израмнување.
Сепак не успеавме да ја искористиме шансата за нерешен резултат и Полска стигна до првата победа против Македонија.
Најефикасен на мечот во Македонскиот состав беше Кире Лазаров кој постигна 8 гола, 3 од седум метри, Миркуловски даде 5, Прибак 3, Георгиевски и Митков 2, а по еден гол постигнаа Манасков, Стоилов, Филип Лазаров и Стојанче Стоилов.
Борко Ристовски имаше 10 одбрани, додека Шмал 11 успешни идбрани.
Па така во последното коло Македонија влегува без бод исто како и Србија, но со подобра гол разлика, Македонија има – 8, а Србија -11.