Се одиграа 6 натпревари од 8.коло во кошаркарската Евролига каде за одбележување беше првиот пораз во оваа фаза на турскиот тим Фенербахче.
Во Атина тимот на Панатинаикос го победи Фенербахче во дербито со 76-71 и му го нанесе првиот пораз на Фенер во ТОП 16 фазата, а за Панатинаикос ова беше четврта победа по ред.
На другите средби ЦСКА Москва славеше над Химки во руската пресметка со 108-98, Дарушафака ја победи Уникаха Малага со 78-55, Локомотив Кубан беше убедлив против Цедевита со 87-63, Бросе Баскет го намачи Реал Мадрид кој славеше во финишто со 86-90 и Лаборал Куча го победи Жалгирис со 71-65.
Вечерва се играат последните два натпревари од ова 8.коло во ТОП 16 фазата каде, Црвена Звезда е домаќин на Анадолу Ефес, додека Барселона го пречекува тимот на Олимпијакос.