Норвешка е елиминирана на патот до финалето на ЕП 2016 во Полска откако по продолженијата загуби од Германија, па така вратите на македонските ракометари за квалификацискиот олимписки турнир кој ќе носи пласман на Олимпијадата во Рио се отворени.
Познати се и противниците кои ќе ни се спротивстават во остварувањето на нашиот долго очекуван олимпискиот сон.
Условот Норвешка да не биде шампион на ЕП во Полска е веќе исполнет, а вечерва се игра финалниот натпревар во Африканското првенство, Египет и Тунис се во финалето, победникот оди директно на Олимпијада, а поразениот ќе биде сместен во групата на Македонија.
Покрај Македонија и африканскиот противник, во нашата група се уште и Чиле и Полска, а квалификациските турнири ќе се одржат на почетокот на април 2016 година и првите две екипи од секој од нив ќе се пласира на ОИ, што значи дека шансите на нашите ракометари се реални и остварливи.
На квалификацискиот турнир најверојатно Полска ќе биде домаќин.