Дортмунд сигурни против Инголштад, Обамејенг двоен стрелец!

Loading

Борусија Дортмунд го победи Инголштат со 2:0, во рамките на 19.коло во Бундеслигата и му се доближи на Баерн на само 5 бода негатива.

dort oba

Дортмунд стигна до 14-та победа во првенството благодарение на головите на Обамејанг кој погоди во финишот на средбата во 77. и 86.минута.

Најинтересниот меч го одиграа Вердер и Херта кој заврши без победник 3:3, Баер Леверкузен забележа сигурна победа над Хановер 3:0 каде два гола постигна Чичарито.

Три бода против Дармштат освои Шалке, натпреварот Аугсбург-Ајнтрахт Франкфурт заврши без голови 0-0, а Мајнц, со голот на Клеменс, минимално ја победи Борусија Менхенгладбах.