Кралскиот куп на Шпанија го доби првиот финалист во името на шампионот Барселона.
Тие во реваншот против Валенсија во полуфиналето кое се одигра на Местаља одиграа 1-1 и со вкупни 8-1 изборија пласман во финалето каде ќе ја бранат титулата.
Барселона настапи со комбиниран тим, имаше негатива од еден гол на полувремето но во финишот, резултатот го израмни младиот Камерунец Вилфрид Каптум.
Претходно Валенсија стекна предност со голот на Негредо, а Барселона во 29 натпревари сеуште не знае за пораз со што постави нов рекорд во шпанскиот фудбал, претходниот исто така беше со сопственост на Каталонците, но под водство на Пеп Гвардиола.
Каталонците последниот пораз го доживеа на 3.октомври минатата година од Севиља, тим кој најверојатно ќе им биде противник на избраниците на Луис Енрике во финалето, бидејќи по првиот меч од полуфиналето со Селта стекна предност од 4:0.
Реваншот се игра вечерва.