Барселона го осигура Нејмар до 2021 година!

Loading

Една од најголемите фудбалски ѕвезди во голем подем бразилецот Нејмар ќе го продолжи договорот со Барселона на уште три години до 2021.

neymar4

Двете страни ги договориле сите детали, а Нејмар ќе стане вториот најплатен играч во клубот.

Челниците на Барселона уште пред две недели изјавија дека продолжувањето на договорот со Нејмар ќе биде приоритет за нив во летниот преоден рок, откако четири клуба Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Манчестер Јунајтед објавија дека се подготвени да ја активираат откупната клаузула во неговиот договор, која изнесува 190 милиони евра.

Нејмар во Барселона пристигна од Сантос во 2013 година, а актуелниот договор му истекуваше во 2018 година.