Компанијата Адидас и кралскиот клуб Реал Мадрид ја продолжија соработката со потшишување на нов договор во времетраење од 10 години.
Договорот е рекорден спонзорски договор во светот на спортот, а според информациите клаузулите кои ќе бидат вметнати во договорот, во зависност од успесите кои ќе ги постигне клубот, Реал Мадрид максимално ќе може да инкасира 140 милиони евра за една година или рекордни 1,4 милијарди евра во следните 10 години.
Клаузулите сепак се однесуваат на освоените титули, односно оние највредните: Лигата на шампионите, домашното првенство, Суперкупот на УЕФА…
Овој спонзорски договор ќе биде најголем во историјата на спортот, а Манчестер Јунајтед минатата година потпиша договор со истата компанија, кој на годишно ниво му носи 98 милиони евра.
Адидас исто така го спонзорира Баерн Минхен, договор кој годишно тежи 80 милиони евра, Челзи, кој од Адидас добива 39 милиони евра и Арсенал кој од Пума исто така заработува 39 милиони евра годишно.