Заминувањето на Меси од Барселона ја разбуди силата на емоциите, како кај навивачите на каталонскиот клуб, така и кај поддржувачите на ПСЖ, на кои тој им се приклучи. Но, и кај самиот фудбалер.
Ова јасно се виде на прошталната прес -конференција во Барселона, кога во солзи зборуваше за тоа што значи за него клубот во кој ја помина својата играчка кариера.
И ги избриша солзите со марамче, кое некој го подигна по заминувањето на Меси и го стави на аукција со почетна цена верувале или не туку од милион долари.
Иако сакаме да биде нечија шега, светските медиуми наведуваат дека аукциската платформа потврдила дека шамичето содржи плунка и солзи на Меси!
Приказната е сама по себе луда и сега треба да се појави само некој што тоа парче хартија ќе го купи по бараната цена.
Тогаш претпоставуваме дека можеме да кажеме дека видовме се.