Фабио Паратичи директорот на јувентус, потврди дека Кристијано Роналдо нема да замине од клубот, но италијанските медиуми сè повеќе шпекулираат дека разделбата е близу.
Португалецот има уште една година со Јувентус со кој не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Изгледа дека нема ништо од тоа. Роналдо е достапен за трансфер.
Старата дама ќе бара 25 милиони евра отштета за Роналдо, а неговото заминување ќе заштеди повеќе од 110 милиони евра. Според договорот, Роналдо ќе добие 87 милиони евра бруто во следните две сезони.
Неговата плата е огромна финансиска тежина за клубот и го попречува засилувањето на другите позиции во тимот. Јувентус затоа би сакал да се ослободи од Роналдо една година порано и со тоа да заштеди значителни пари.
Проблемот е неговата плата, која во моментов ниту еден клуб не е подготвен да ја земе. Реал Мадрид и ПСЖ се заинтересирани за неговите услуги.