Реал Мадрид преку ждрепка во Абу Даби ги дозна можните противници на Светското клубско првенство.
Реал ќе игра дури во во полуфиналето на овој турнир. Таму го чека победникот од шампионот на Азија и од мечот Оукленд Сити и домаќинот Ал Џазира.
Реал ја брани титулата и во Обединетите Арапски Емирати ќе се обиде да ја освои својата трета титула.
Три титули во ова натпреварување засега има само Барселона. Во второто полуфинале ќе играат шампионот на Јужна Америка и подобриот од мексиканската Пачука и шампионот на Африка.
Како изгледа составот на Реал Мадрид за сезоната 2017/18?
Светското првенство за клубови ќе се одржи од 6 до 16 декември во Абу Даби.
Финалето на 14-то Светско првенство за клубови е закажано за 16 декември на стадионот „Зајед“ чии капацитет изнесува 42.000 седишта.
Статистики, бројки, факти за Супер купот 2017 во Скопје – Ова треба да се знае (фото)