Големи проблеми за Ливерпул и тренерот Клоп, откако Барселона ги договори личните услови на Фелипе Кутињо за негов трансфер на „Ноу Камп“.
Останува уште Ливерпул да се согласи или не да се откаже од еден од своите најдобри фудбалери.
Бразилецот е подготвен да го облече дресот на Барселона и да ја исполни својата судбина. Ливерпул ја одбил понудата на Барселона од 75 милиони евра што Каталонците ја испратиле минатата недела.
Очекувањата се дека челниците на „блауграна“ наскоро ќе испратат нова понуда. Челните луѓе на Барселона се во Ливерпул, каде што се обидуваат да го комплетираат трансферот.
Доколку замине Кутињо, Клоп, ќе остане без клучниот фудбалер во тимот, но ќе добие огромни сретства за нови засилувања.
Кутињо го продолжи договорот со Ливерпул до јуни 2022 година. Стручниот штаб во Кутињо гледа наследник на Андрес Иниеста во формацијата 4-3-3.
Тој е еден од двајцата Бразилци, вториот е Паулињо, кои Барселона се обидува да ги донесе во тимот со што би го осигурала престојот на Нејмар.