По двата несреќни пораза од Албанија и Израел, фудбалска Македонија одново немаше среќа и против далеку посилната репрезентација на Италија на арената филип 2.
Македонија во Скопје ја пречека една од најдобрите светски фудбалски репрезентации, четирикратниот светски првак, екипата на Италија која во квалификациите незнае за пораз на 53 натпревари.
Натпреварот со Италија предизвика голем интерес кај нас и во регионот, па тие во голем број ги наполнија трибините на Филип II Арената.
Популарните Азури, во Скопје дојдоа во најсилен состав и со императив за победа, предводени од капитенот Буфон, Верати, Имобиле, Кјелини, Џакерини, Мота и останатите, кои настапуваат во најелитните европски клубови.
Македонија започна во грч, со голем респект кон големиот ривал, така и го прими првиот гол во 24 минута преку Белоти, по што Италија го доби првото полувреме со резултат 0:1.
Но, во второто полувреме нашите репрезентативци покажаа одлучна и прилично квалитетна игра, па преку голгетерот Несторовски дојде до израмнување, на 1:1 во 57 минута, за две минута подоцна да водиме и со 2-1 со голот на Хасани каде се случи вистинска еуфорија трибините.
Се редеа шанси и за трет гол, но извонредниот Буфон на неколку наврати ја спасуваше Италија од убедлив пораз.
Но, при крајот на натпреварот со неспортски фаул, кој судијата како да не го виде, беше повреден и заменет најдобриот македонски играч Илија Несторовски, по што македонската репрезентација тотално се повлече и почна да се брани, што резултираше со изедначување во 75 минута преку Имобиле.
Во судиското продолжениие Италија во 92 минута и со трет победоносен гол повторно на Имобиле да стави точна на овој натпревар на 2-3 и азурите да си заминат со три бода од Скопје.
И покрај негативниот резултат, сепак Македонија покажа заби, го надигра големиот противник, а за тоа, на крајот беше наградена од публиката со голем аплауз.
Следниот меч на Македонија во квалификациите е гостувањето против Шпанија на 12 ноември.
Инстерти од мечот…