Рускиот велосипедист од тимот на Катуша Илнур Закарин победи на 17-тата етапа на велосипедската трка околу Франција, Тур Де Франс 2016 што се возеше од Берне до Финхат Емосон.
Тој етапата долга 184,5 километри ја мина најбрзо со време од 4 часа 36 минути и 33 секунди и за 55 секунди го остави зад себе Пантано од Колумбија и Мајка од Полска кој задоцни 1 минута и 26 секунди зад победникот.
И по оваа етапа жолтата маичка остана кај британецот Крис Фрум кој по 17 извозени етапи има 2 минути и 27 секунди предност пред Молема од Луксембург и 2 минути и 53 секунди предност во одност на третопласираниот во генералниот пласман сонародникот Јатс.
За денеска е закажана 18 етапа која ќе биде спринт во должина од 17 километри.