Кошаркарската Евролига ги објави имињата на екипите кои следната сезона ќе играат во најеминентно европско клупско натпреварување.
На листа на учесници во Евролигата и следната сезоната 2016/2017 година, Турција ќе имаат четири претставници: Галатасарај како победник на Еврокупот, Анадолу Ефес, Фенербахче и Дарушафака кој доби вајл-карта.
Шпанија ќе партиципира со три екипи: Реал Мадрид, Барселона и Лаборал Куча.
Покрај актуелниот европски првак ЦСКА Москва, Русија ќе ја претставува и Уникс Казан, а две екипи ќе има и Грција, Олимпијакос и Панатинаикос.
Останатите пет тима доаѓаат од пет различни земји: Црвена Звезда, Жалгирис, Емпорио Армани, Бамберг и Макаби Тел Авив, а ждрепката и распоредот на натпреварите ќе се изврши на 7 јули.
Според новиот систем на натпреварување, 16-те екипи ќе се игра во лигашки дел со 30 кола, по принципот секој со секого на домашен и гостински терен.
Осумте најдобро рангирани ќе обезбедат пласман во четвртфиналето кои ќе се игра на три добиени натпревари, а победниците ќе се пласираат на завршниот „фајнал-фор“ турнир.
Евролигата нема донесено одлука каде ќе се игра „Ф-4’’ турнирот, за чија организација досега интерест имаат пројавено Белград, Прага и Москва, а шампионот ќе се решава на турнирот во мај месец следната година.