Иако никогаш можеби и не било помирно вечното дерби беше прекинато, а како параван за тоа беа земени навивачите. Новата одлука за конечна завршница и разврска на овој натпревар најверојатно ќе се бара во преигрување на натпреварот во нов термин, одлука која допрва треба да биде потврдена од Здружението на Прволигаши.
Во знак на добра волја наводно постигнат е договор меѓу челниците на двата клуба од Аеродром и од Центар за преигрување на натпреварот како знак на тоа дека спортот и само тој како таков треба да биде единствениот победник во оваа ситуација.
Правилниците на МКФ се јасни и за напуштање на натпревар следи автоматска преселба во најнизок ранг, но според некои информации од клубот МЗТ Скопје тие се спремни џентлменски да застанат зад одлуката Работнички да не добие исклучување од Супер Лигата, одлука која како таква нема никому да донесе бенефит туку само штета на македонската кошарка. Ваквата одлука сеуште не е конечна и треба да биде потврдена од Здружението на прволигаши а треба да ја прифатат и останатите клубови.