Џоковиќ близу границата од 17.000 поени на АТП листата – НОВ РЕКОРД!

Loading

 

Новак Џоковиќ, по освојувањето на Ролан Гарос доби нови 800 атп бодови. Тој е на чело на АТП листата и сега има 16.950 бодови, што е нов рекорд.

novak-djokovic

Српскиот тенисер го подобри сопствениот рекорд за 165 поени, во октомври минатата година по победата во Шангај тој имаше 16.795 поени.

Џоковиќ, во четири сета го победи Енди Мареј, ја освои титулата на Роланд Гарос со што стана осмиот тенисер во историјата кој успеал да победи на четирите најголеми турнири во тенискиот свет.

Новак на првото место има повеќе поени од вториот и третиот на листата Енди Мареј 8.915 и Роџер Федерер со 6.655 поени.

На четвртата и петтата позиција се сменија Рафа Надал 5.405 и Стен Вавринка со 5.035, кој не успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос и загуби бодови.

Djokovic

Шести на АТП листата е Кеи Нишикори, а на седмото место е Доминик Тием. Пласманот во полуфиналето на Ролан Гарос, на 22-годишниот Австриец му донесе скок од 8 места.

Седмата позиција е најдобар ранкинг во кариерата на Тием. Осми и деветти се Томаш Бердих и Милош Раониќ (2.965), а во Топ 10 влезе Ришар Гаске.

Меѓу најдобрите десет во светот од оваа недела не се Жо-Вилфред Цонга и Марин Чилиќ.

Францускиот тенисер поради повреда се откажа од турнирот и назадуваше од седмата на 12-та позиција, додека Чилиќ од 10-та падна на 13-та позиција на АТП листата.