Дојде моментот кога Милан се враќа на врвот на светскиот фудбал, а од утрово сопственикот Силвио Берлускони, се договорил со продажбата на Милан на кинеските инвеститори за 700 милиони евра.
Тоа се вкупно 70% од акциите на клубот, а моментално договорот е во завршна фаза, каде преостануваат уште неколку формалности.
Силвио Берлускони се обидува да го продаде Милан веќе 1 година, но конечно дојде крајот.
Новите газди од Кина на чело на клубот сакаат да го видат Унаи Емери тренерот на Севиља, а тоа значи дека во тимот ќе пристигне и Златан Ибрахимовиќ, кој истакна дека посакува да се врати во омилениот клуб.
Најдобриот фудбалер на Милан оваа сезона, Карлос Бака изјави дека ако Емери дојде на клупата на росонерите тој ќе остане во клубот.
Бака и Емери две години соработуваа во Севиља каде колумбиецот исто така беше еден од најдобрите играчи, а беше дел и од ланската сезона кога заедно ја освоија Лига Европа.
Дали конечно Милан ќе тргне по вистинскиот пат останува да видиме, доколку тоа се случи клубот од Сан Сиро конечно ќе го видиме во право светло, на врвот на италијанскиот, европскиот и светски фудбал.