Голманот на Германија и на Баерн Минхен, Мануер Ноер го продолжи договорот со тимот од Минхен до 2021 година.
Ноер ќе биде еден од најплатените фудбалери во светот, а овој потег на раководството само се продолжи стратегијата на Баерн за продолжување на договорите на најважните играчи на тимот.
Оваа сезона нови договори потпишаа: Џером Боатенг, Томас Милер, Давид Алаба, Тиаго Алкантара и Хави Мартинез, а сега на ред дојде и голманот Маниел Ноер.
„ФК Баерн ги обезбеди услугите на уште еден клучен играч, најдобриот голман во светот, Мануел Нојер потпиша две годишно продолжување на сегашниот договор и ќе остане во клубот до 30. јуни 2021. Претходно Џером Боатенг, Томас Милер, Давид Алаба и Хави Мартинез потпишаа нови договори до 2021“ – стои во соопштението на Баерн Минхен.
Ноер ќе ја добие истата плата како и Томас Милер, односно 15 милиони евра по сезона, што значи дека во наредните 5 години Ноер ќе инкасира неверојатни 75 милиони евра.