Фудбалска Македонија и Горан Пандев повторно заедно по 2,5 години пауза!

Loading

Македонската фудбалска репрезентација, во Порторож, Словенија го имаше првиот собир за пријателскиот натпревар против Словенија кој се игра на 23. март во Копер.

pandev makedonija

Селекторот Игор Ангеловски може да смета на сите повикани фудбалери од списокот кои се ставија во функција на тимот.

По 2,5 годишна пауза во националниот тим се врати Горан Пандев, најдобриот стрелец во историјата на Македонија, а фудбалерот на Џенова изјави дека најголем мотив за постигнување позитивни резултати е враќањето на позитивниот дух во репрезентацијата.

„Чувствувам еден вид позитивна трема, а тоа значи дека овој репрезнтативен дух ми недостасувал. Среќен сум што повторно се ставам во функција на репрезентацијата, а поголем мотив за мене не постои.

pandev makedonija1

,,Се надевам дека сите ќе ја сфатиме својата задача и ќе бидеме вистински колектив, треба да се трудиме да го подобриме рејтингот кој реално не го заслужуваме. Словенија е квалитетна селекција, мислам дека ќе биде добар натпревар. Последните натпревари за Џенова ги одиграв и го добив потребниот натпреварувачки ритам. Ќе се трудам да помогнам, се надевам дека во иднина сите ќе го дадеме придонесот за некои нови резултати во националниот тим“, изјави Пандев.

Натпреварот Македонија-Словенија се игра в среда во Копер со почеток во 18.00 часот.