Себастијан Фетел втор ден по ред беше најбрз на првиот тест период во Барселона.
Тој беше побрз од Даниел Рикијардо и Серхио Перез. Нико Розберг од Мерцедес беше четврт со 172 круга на „средните“ гуми на Пирели.
Зад него завршија Маркус Ериксон во Заубер, Естебан Гутиерез во Хас, Валтери Ботас за Вилијамс и Паскал Верлајн за Мејнор. Шпанецот Фернандо Алонсо беше дури деветти, а проблеми имаше и Рено, каде што Џолион Палмер запре по 47 извозени кругови.
Најслабо време имаше Макс Ферстапен на Торо Росо, поради проблеми со менувачот.
Во Барселона се прават последните тестови и подготовки во пресрет на новата сезона во Формула 1 шампионатот која стартува во Австралија во Мелбурн од 18 до 20 март.