НБА: Кливленд славеше во Оклахома, Чикаго го испрати Брајант со пораз!

Loading

Во НБА лигата се одиграа 10 средби.

cavs-thunder

Во дербито тимот на Кливленд ја победи Оклахома Сити со убедливи 115:92. Леброн Џејмс заврши со дабл-дабл од 25 поени и 11 асистенции, а имаше и 7 скокови.

Покрај него, дабл-дабл остварија и Кевин Лав со 29 поени и 11 скокови и Тристан Томсон со по 14 поени и скокови.

Кај домаќините тандемот Дурант-Весбрук искомбинираа 46 поени. Дурант постигна 26, а Расел Весбрук 20 поени 12 асистенции и 9 скокови, што беше недоволно да се избегне поразот.

Коби Брајант за последен пат играше во Чикаго каде моментално игра неговиот поранешен соиграч По Гасол.

kobe-gasol

До победата стигнаа домашните со 126-115. Кај биковите најефикасно со по 24 поени беа Роус и Мур, а Гасол уфрли 21 кош, додека кај Лејкерси по 22 коша постигнаа Брајант и Рендл, а 20 коша даде Клаксон.

Тимот на Портланд стигна до 5-тата победа во серија. Портланд на домашен терен славеше над Јута со 115-111. Кај домаќините плејмеркерското дуо Лилард-Меколум искомбинира 61 поен.

Ентони Дејвис од Њу Орлеанс имаше вечер за паметење каде постигна личен рекорд од 59 поени во победата на Пеликаните кај Детроит со 111-106.

Во другите средби Денвер-Бостон 101-121, Феникс-Сан Антонио 111-118, Бруклин-Шарлот 96-104, Орландо-Индијана 102-105, Торонто-Мемфис 98-85 и Далас-Филаделфија 129-103.

За вечерва предвидени се 7 средби.