Ф1 тимовите на Ферари и Вилијамс и официјално ги претставија болидите за 2016 сезона

Loading

Формула 1 тимовите на Скудерија Ферари и Вилијамс и официјално ги претставија новите болиди за натпреварувачката 2016 сезона во Формула 1 шампионатот.

ferari11

Ферари малку ги изненади фановите и своите следбеници, бидејќи болидот не е целосно црвен, туку на него преовладуваат црвената и белата боја.

Скудерија Ферари за 2016 сезона одлучи новиот болид да го претстави преку својата интернет страница, а возачите Себастијан Фетел и Кими Раиконен беа со својот шеф Маурицио Аривебене, кој беше придружуван од директорот Џејмс Алисон.

Новиот болид претрпе неколку технички измени во однос на ланскиот болид, во обид да го предизвика Мерцедес во борбата за титулата.

Носот е малку покус и повисок, што влијае врз аеродинамиката, исто така има промена и во суспензијата, и во обликот на моторот.

Покрај Ферари, новиот болид го претстави и тимот на Вилијамс, а челниците на тимот нагласија дека моделот FW38 треба да биде веднаш зад Мерцедес и Ферари, а пред останатите конкуренти.

Тимот на Вилијамс и оваа сезона ќе биде составен од возачите Фелипе Маса и Валтери Ботас.