Спортските настани и оваа година финансиски ќе ги помага Агенцијата за млади и спорт

Loading

Агенцијата за млади и спорт го објави Конкурсот за доделување средства на субјекти кои реализираат програми од јавен интерес во областа на спортот.

agencija-za-mladi-i-sport-golema

На Конкурсот кој ќе трае до 29 јануари учество може да земат субјектите кои ги исполнуваат условите, односно Националните спортски федерации и Институтот за спорт при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

– Апликациите за учество на „Конкурсот за доделување средства за 2016 година може да се превземат од официјалната  интернет страна на Агенција за млади и спорт – www.ams.gov.mk во кои е даден опис на ставки по кои апликантите треба да се раководат.

Сите заинтересирани страни кои ги исполнуваат критериумите може да ги достават апликациите на адресата на Агенцијата за млади и спорт –  ул: „Македонија“, бр.38 (Палата „Панко Брашнаров“) 1000 Скопје со назнака: ЗА „КОНКУРС 2016“, соопштија од АМС.