Видео: Милкови го порази Мајами, победи на Оклахома, Њу Орлеанс и Индијана

Loading

Само 4 средби се одиграа во НБА лигата.

nbafanmap

Само тимот на Њу Орлеанс победи на домашен терен каде ја совлада Минесота 114:99, иако гостите од Минеаполис имаа предност на полувремето.

Ентони Дејвис со 35 поени беше најефикасниот играч на Њу Орлеанс, додека Минесота ја предводеше Таунс со 20 поени и 13 скокови.

Милвоки ја продлабочи кризата кај Мајами, и славеше на гостински терен со 91:79. Крис Мидлтон го предводеше Милвоки со 22 поени, додека на спротивната страна доминираше Хасан Вајтсајд со 23 поени и 18 скокови.

Денвер загуби од Оклахома со 110-104. Кевин Дурент и Расел Вестбрук постигнаа 57 поени, Дурент 30 поени, а Вестбрук. Кај Денвер Данило Галинари даде 27 поени, а Кенет Фарид со 17 поени и 15 скокови.

Феникс го доживеа и 30-от пораз во сезоната. Индијана славеше со 94:97. Монта Елис со 20 и Пол Џорџ со 19 кошеви беа најефикасни во победничкиот тим, додека кај Феникс се истакна Букер со 32 поени.

За вечерва 11 натпревари на НБА програмата.