Во инфарктна завршница и многу драма, ракометна Македонија со реми 27-27 против Србија во последното 3.коло од фазата по групи се избори за посакуваниот пласман меѓу 12-те најдобри во Европа.
Во крајно драматичен и неизвесен натпревар и двете селекции имаа свои минути, но Србија имаше гол-предност на 10 секунди до крајот.
По тајмаутот на селекторот Обрван, Македонија имаше двајца играчи повеќе на теренот и со одлична акција топката дојде до Дејан Манасков кој стрелаше прецизно за израмнување и пласман на Македонија во следната фаза.
Дејан Манасков ја испрати Србија дома со постигнати 10 голови, додека кај Србија, Шешум и Ненадиќ постигнаа по 7 голови.
Македонија за противници во следната фаза од групата Б, ќе ги добие Хрватска, Норвешка и Белорусија што значи дека не очекуваат уште три натпревари, но реално е да се напомене дека овие репрезентации се далеку послаби во однос на Франција и Полска во нашата група.
Да се надеваме дека Македонија конечно по двата пораза и ремито со Србија, на следните натпревари ќе не израдува со победи.